Создаваме убавина
од суров материјал

Украси Ме е мала работилница за гипсени скулптури и декоративни производи. Работиме рачно, произведуваме локално.

Мала работилница,
големи амбиции

Почнавме со неколку калапи и многу желба за нешто свое. Денес правиме гипсени скулптури и декоративни свеќи за домови низ цела Македонија.

Сме мал тим. Сами дизајнираме, сами лиеме, сами боиме и пакуваме. Секој од нас внесува свое - од скицата и калапот, до бојата и финалната проверка.

Рачна изработка во работилница
Колекција на завршени дела
5+ Години мајсторство

Зошто Украси Ме

Премиум материјали

Користиме квалитетен гипс и природен соја восок. Ги избираме материјалите за трајност и убав изглед.

Рачна изработка

Секое парче е рачно излиено, дочистено и доработено. Нема две исти - секое се разликува по нешто.

Достава низ Македонија

Добро спакувано и испратено до вашата адреса, каде и да сте во Македонија.

Гаранција за квалитет

Секое парче го проверуваме пред испраќање. Ако не сте задоволни - ви враќаме пари.

Нашиот процес

01

Дизајн и визија

Секое парче започнува со детален скиц и 3D модел, за секоја линија и пропорција да има јасна намера.

02

Изработка на калапи

Создаваме прецизни силиконски калапи од нашите оригинални скулптури, задржувајќи го секој фин детал.

03

Лиење и обликување

Премиум гипс или природен восок се истураат внимателно и рачно се доработуваат од нашите искусни мајстори.

04

Контрола и пакување

Секое парче се проверува, фотографира и внимателно се пакува пред да биде испратено до вашиот дом.

Малите детали прават голема разлика

Една скулптура на полица, една свеќа на маса - тие мали работи го менуваат просторот. Правиме предмети кои не се само декор, туку нешто што го прави домот ваш.

Сакате да го видите нашиот занает?

Разгледајте ја нашата колекција и пронајдете го совршеното парче за вашиот дом.